Промоција на кампањата за борба против трговија со луѓе и трудова експлоатација
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ќе учествува и ќе се обрати на промоцијата на превентивната кампања „Интегриран пристап за превенција на трудовата експлоатација во земјите на потекло и дестинација“.
Промоцијата на кампањата се одвива во рамки на регионалниот проект на ЕК за борба против трговијата со луѓе и нивна трудова експлоатација.