Мињон на средби со државниот врв

 

Денеска во Собранието на Република Македонија ќе се обрати претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Жан Клод Мињон. Мињон е во дводневна официјална посета на Македонија, на покана на претседателот на македонскиот Парламент Трајко Вељаноски.

Пред почетокот на седницата претседателот на ПССЕ ќе се потпише во Книгата за впечатоци во Собранието.

Мињон за МИА изјави дека целта на неговата посета е лично да го констатира она што стои во извештајот за постмониторинг дијалогот, пред неговото разгледување на пленарната сесија на ПССЕ и да ги информира властите за содржината на овој извештај.  

Мињон вчера се сретна со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и со координаторите на пратеничките групи во Собранието. Тој беше беше примен и од шефот на државата Ѓорге Иванов. На средбите, генерално, станало збор за актуелната политичка состојба, за завршените локални избори, имплементацијата на Рамковниот договор...За наметнатиот спор за името од страна на јужниот сосед, претседателот на Собранието Вељаноски истакнал дека тоа е прашање на сопствениот идентитет, од егзистенцијално значење за секој човек и народ. 

Се очекува денеска Мињон да се сретне со премиерот Никола Груевски, како и со вицепремиерите за спроведување на Рамковниот договор и за европски прашања,  Муса Џафери и Фатмир Бесими. 

најчитано сега