Тензично на масовните протести на Таксим - нови судири меѓу полицијата и демонтстрантите

 

 Турската полиција навлезе во реонот на плоштадот Таксим во Истанбул каде веќе две недели се одржуваат демонстрации против плановите за реконструкција на околниот парк Гези.

Неколку стотици полицајци од силите за брза реакција беа доведени на плоштадот со дваесет автобуси. Во реонот се чувствуваат тензии, јавуваат западни медиуми.

Градоначалникот на Истанбул, Хусеин Авни Мутлу, меѓутоа, изјави дека целта на операцијата е да се симнат плакатите од културниот центар Ататурк и од споменикот на Ататурк на плоштадот.

Претходно, турски телевизии објавија дека полицајците опремени со заштитни панцири се подготвуваат да ги растурат барикадите на демонстрантите кои кампуваат во реонот.

– Акциите на полицијата не се насочени кон паркот Гези и Таксим, изјави градоначалникот на Истанбул додавајќи дека од утрово полицајците почнуваат да ја расчистуваат зградата на културниот центар и на споменикот од фотогарфии и плакати.

Демонстрантите зазеле позиции до барикадите и се подготвуваат за можна интервенција на полицијата.

Турската полиција употреби солзавец ноќеска во Анкара за да растера стотици демонстранти кои веќе 11 дена демонстрираат против Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Тоа беше трета ноќ на судири меѓу демонстрантите и полицијата во турскиот главен град.

Претходно, заменикот премиер Булент Аринч изјави дека Ердоган во среда ќе има средба со лидерите на демонстрациите. Ердоган се очекува во среда да се сретне и со претставници на Таксим солидарност, група која ги претставува активистите за спас на паркот Гези во Истанбул, кој властите сакаа да го реконструираат. Тоа предизвика бран демонстрации кои прераснаа во бурни антивладини протести. 

најчитано сега