Реконструкција на водоводната мрежа кон ГП „Богородица“
Екипи на јавното комунално претпријатие од Гевгелија моментно се ангажирани на неколку проекти за подобрување на водоводната мрежа кон граничниот премин „Богородица“, потег на кој што приоритетен зафат е промената на главната водоводна цевка, информираа денеска од гевгелиски „Комуналец“.
Комуналните работници велат дека честите прекини на водоснабдувањето на овој дел од регионалниот водовод се случуваа поради застареност на цевките кои пукаа во допир со подземни карпи и камења. Според нив, најкритичната точка е кај мостот на реката Вардар каде што во тек е поставувањето насипи и скелиња за нормално функционирање.
До завршување на почнатите работи, нормалното водоснабдување на граничниот премин „Богородица“ алтернативно е решено со времено поврзување на водоводната мрежа од општина Богданци.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа