Српска пејачка претепана од поранешното момче

Познатата српска пејачка Миа Борисављевиќ пред десет дена беше жртва на насилство откако ја истепа поранешното момче.

Никола Миниќ, поранешното момче на пејачката ја следело до нејзиниот дом и пред да излезе од автомобилот, тој влегол во возилото и почнал да ја удира по глава.

- Миа и Никола ја прекинаа својата романса пред неколку месеци. Миниќ очигледно имал некој проблем во главата, па пејачката ја следел неколку недели, вели извор близок на пејачката.

Тој тврди дека тие двајца немале никакви кавги и проблеми пред тоа, а дека таа вечер Миа го забележала додека возела кон својот дом. Иако била во шок, храбрата Миа веднаш штом насилникот ја напуштил, го заклучила автомобилот и викнала полиција.

- Нека мојот пример им послужи на сите жени кои се нашле во ваков или сличен проблем, бидејќи треба да го запрат патот на насилството и никогаш не треба да молчат. Надлежните органи знаат да си ја сработат својата работа и верувам дека така ќе биде и во мојот случај. Понатаму не би сакала да зборувам, бидејќи тоа што ми се случи, повеќе не е мој проблем туку на личноста која тоа ми го стори, изјави Миа.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа