Ако Русија биде исклучена од „SWIFT“ ќе има војна

 

 

Шефот на руската ВТБ банка, Андреј Костин во интервју за германскиот бизнис весник „Handelsblatt” го предупреди Запад, да не се игра со искушението да ја исклучи Русија од системот за меѓународни наплати „SWIFT“. Според наводите тоа е негов личен став, кој што е јасен и категоричен.

-Воведување на такви санкции, значи војна- рече Костин и додаде дека дека доколку сепак тоа се случи, американскиот амбасадор Џон Тефт истиот ден мора да ја напушти Москва.

Тој призна дека банкарскиот систем на Русија е нејзината најранлива точка, бидејќи се потпира на долар и евро.

Инаку „SWIFT“ e систем на меѓунаридни банкарски телекомуникации во кои се вклучени повеќе од 10.000 финансиски организации од 210 држави. Низ тој систем дневно поминуваат повеќе од 6 билиони долари.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега