Во Њујорк протести поради убиството на Афроамериканецот Ерик Гарнер

 

 

 

Илјадници лица излегоа на улиците на Њујорк и го затворија вчера Бруклинскиот мост, осудувајќи го убиството на Афроамериканецот Ерик Гарнер, како и поради одлуката на големата порота за непокренување обвинение против полицаецот белец, кој е одговорен за смртта на Гарнер.

Ова е втора ноќ жителите на Њујорк да протестираат поради смртта на Гарнер, невооружен Афроамерикенц, кој за веме на апсењето во јули во Њујорк почина, откако полицијата го соборила на асфалт, а еден од полицајците го пристискал во пределот кај вратот и главата. 

Демонстрантите извикувале пароли против полицијата и носеле транспаренти на кои било испишано: „Расизмот убива“ и „Црниот живот е важен“. 

Друга група демонстранти марширале преку Бруклинскиот мост, со црн транспарент, на кој пишуваше „Ова престанува денеска“ и носеа десет црни ковчези со испишани имиња на луѓе, кои биле убиени од полицијата. 

Во меѓувреме е покрената федерална истрага во врска со смртта на Гарнер, татко на шест деца, кого полицијата сакала да го уапси, бидејќи нелегално продавал цигари на улиците на Њујорк.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега