Пиел по 10 лименки Кока-кола на ден- еве што се случило
Џорџ Приор на свој пример сакал да покаже каков е ефектот од консумирањето на овој газиран пијалск, преполн со шеќер.
Џорџ, кој бил во добра форма пред да почне со експериментот, за само еден месец со внесување по 10 лименки Кока - Кола дневно, ја зголемил тежината за неверојатни 13 килограми.
- Апелирам до луѓето да проверат колкаво количество на шеќер внесуваат во себе следејќи одредени начини на исхрана. Луѓето мора да бидат свесни за реалните штети кои шеќерот ги прави во нивниот организам - вели 50 годишниот Џорџ од Лос Анџелес, татко на две деца.
- За 30 дена се здебелив над 11 килограми, имам покачен притисок, а развив и зависност од шеќер по секојдневното внесување на Кока Кола.
Кога го почнал експериментот, на крајот од октомври, Џорџ тежел 76 килограми. На крајот од ноември тој бил тежок 89 килограми. Кога престанал да пие Кока - Кола, за 4 дена изгубил 5 килограми.
- Многу луѓе кои боледуваат од проблеми со срцето и дијабетес не се свесни дека можат да си помогнат само ако го прекинат внесувањето на премногу шеќер. Експериментот го направив да покажам колку е штетен шеќерот, но не би сакал да го повторам тоа уште еднаш - вели Џорџ Приор.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа