Иван Ивановиќ го возвраќа ударот: Им одговори на Босанците

 

Прашината која се крена по минатонеделната емисија „Вечер со Иван Ивановиќ“ во која тој наводно ги навредил Босанките ескалираше со закани кон него и неговото семејство,како и со барање  да се укине неговата емисија. 

Препукувањата, како и обично се префрлија на Твитер, каде што еден корисник му кажа дека така осетливи работи не смеат да се прават затоа што е војна.

-Нема војна другар. Војната заврши во 1995 година. Само „Дневни Аваз“ тоа вам уште не ви го јавил – одговори Ивановиќ.

Тој додаде дека не шири омраза и дека ако некој во неговите изјави ги најде зборовите „војна, силување, муслиманки“ тој веднаш самиот ќе даде отказ. Ивановиќ кажа дека постои тема која во БиХ е забранета, а се однесува на податоците дека во таа држава, во периодот по војната заклучно со 2013 година девојчињата раѓаат пред да наполнат 15 години.

- Тоа е сериозен проблем со општеството во БиХ, кој нема врска со војната и четниците. Што вас медиумите уште ве држат во војна – порача Ивановиќ преку Твитер.

Инаку Иван Ивановиќ сношти ја имаше својата 500 емисија на српската Прва во која гостин му беше Џибони.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега