Ми кажаа дека никогаш нема да имам деца- исповед на познатата старлета

 

Ким Кардашијан во најновото интервју за магазинот Ел, реши отворено да зборува за својата бременост, нејзиното тело и недостатокот од самодоверба.

 

- Бев многу несреќна бидејќи дури три доктори ми потврдија дека никогаш нема да затруднам. Дури планирав да ги замрзнам моите јајце клетки, но потоа дознав дека сум бремена. Сакам Норт да има барем уште еден брат или сестра бидејќи јас растев во големо семејство и го сакам истото за неа. Но, ако тоа нема да биде можно по природен пат ќе направиме вонтелесно оплодување, искрено кажала Ким.

 

Со фотографиите од нејзиното голо тело Ким предизвикаа бура од негативни реакции, но признава дека не се грижи поради тоа бидејќи поминале деновите кога не верувала во себе. Таа вели дека го мразела нејзиното тело и дека често седела во тоалетот, плачела и се молела да престанат да и растат градите. Тогаш во мода не биле жените со облини, но сега и е мило што им дала поддршка и им влела самодоверба на жените кои не се слаби како моделите.

-Денес сум сигурна во себе, но не беше секогаш така. Самодовербата ја градев со години и затоа сега е така, признала Ким.

 

 

Таа додала дека смета дека нејзината полусестра Кендал Џенер ќе биде многу голема ѕвезда и дека ќе постигне многу повеќе од неа.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега