Исповед на студентка: Полицајците ме соблекоа среде пат и ги викнаа колегите да ме видат

Скандал ја тресе бугарската полиција, откако во медиумите излезе приказната за случај од октомври годинава, кога соблекувале студентка среде пат. 

 

Според иномациите во медиумите во Бугарија, полициска патрола во Софија запрела автомобил кој го управувала 20 годишна студентка и во кој се превезувале уште 3 лица. 

 

Освен возачот, полицијата ги проверила и сопатниците, а кога забележале дека еден од нив има досие во полицијата, сите ги извадиле надвор од автомобилот. 

Откако трите момчиња кои биле во возилото поминале низ рутински претрес, една полициска службеничка почнала да ја соблекува студентката и тоа среде пат додека поминувале други автомобили. 

Според информациите од Бугарија, ја соблекла по градник и гаќи и повикала друга патрола во која имало уште три полициски службеници за да видат што направила. 

Откако била пуштена, девојката за случајот го информирала својот татко кој се решил да пријави во бугарските полициски служби за внатрешна контрола. 

 

За сега нема информација како реагиала полицијата и што се случувало со полициските службеници.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега