Јолевски ќе ја отвори изложбата „Македонско – Американските односи низ историјата“
Во Воен музеј - објект НУ Музеј на Македонија, денеска министерот за одбрана Зоран Јолевски ќе ја отвори изложбата „Македонско – Американските односи низ историјата“.
Оваа музејската поставка „Македонско-американските односи низ историјата“ изникнува од бројните зачуваните сведоштва на директните учесници и носителите на изградбата на македонско-американските односи низ историјата.
Како што соопшти МО, оваа поставка претставува и прв обид во музејската дејност да се пренесат и вообличат долговековните врски помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа