Прегазена 22 годишна девојка во центарот на Скопје
Дваесет и две годишната Ј.И. од Гостивар е девојката која денес околу пладне беше прегазена во Центарот на Скопје.
По ударот од такси возило, автомобил „Опел“ таа беше пренесена на Ургентниот центар каде и биле контатирани телесни повреди.
Полицијата на местото на несреќата изврши увид, а врз возачот на автомобилот 56-годишниот К.С. од Скопје беше извршено алкотестирање кое покажало дека во неговата крв нема присуство на алкохол.
Оцени ја веста
04.12.2014 - 23:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа