Влажен бран доаѓа кон Македонија: Вечерта ќе донесе многу дожд
Нов бран на врнежи се очекува во петок. Но, врнежите ќе започнат околу пладне во западниот регион за потоа да имаат прогресија на ширење кон исток. Ноќта кон сабота ќе биде поврнежлива, со поинтензивен дожд во јужната половина од земјата, пишува МетеоПро
Минималната температура ќе има вредност околу 7° низ котлините, а на повисоките места околу 3°С.
Максималната температура во Македонија ќе има вредност околу 12°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток и до 15°С. Топло ќе биде и на повиските места каде максималната температура ќе има вредност околу 9°С.
Во скопската котлина се очекува претежно облачно време претпладне, додека попладне, а особено навечер ќе биде врнежливо. Минималната температура ќе има вредност околу 8°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 11°С.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа