Путин се закани: Нема да не растурите како Југославија

 

Шефот на руската ВТБ банка, втората по големина во земјата, Андреј Костин го предупреди западот, во интервју за германскиот бизнис весник "Handelsblatt", да не си игра со искушението да ја исклучи Русија од платниот систем Свифт. 

"Според мое мислење, воведувањето на таквите санкции значи војна. Ако до тоа дојде, американскиот амбасадор тој ден ќе мора да ја напушти Москва, наведе Костин

Тој призна дека банкарскиот систем во Русија е најранливата точка, бидејќи во голема мера се потпира на доларот и еврото.  Свифт е меѓународен меѓубанкарски телекомуникациски систем, кој вклучува повеќе од 10.000 финансиски организации од 210 земји.

 Ова не е прв пат да се споменува можна војна. 

Член на Европскиот парламент, Сарјуш-Волски, предупреди дека "рускиот притисок врз Украина расте" и дека "војната е неизбежна", на што украинскиот претседател Петар Порошенко одговори брзо, и злобно, дека тој од "трета светска војна не се плаши", истакнувајќи дека Украина треба да добие членство во НАТО. 

На крајот, НАТО потврди дека планира да  постави тенкови во Источна Европа.

Југословенско сценарио  

Додека противниците ја напаѓаат Русија посилно, а таа се повлекува, тие се обидуваат да ја распарчат по Југословенското сценарио, рече рускиот претседател Владимир Путин во традиционалниот годишен говор пред членовите на двата дома на Парламентот.

 "Без оглед на нашата отвореност без преседан, без оглед на тоа што гледаме на нашите некогашни противници како на блиски пријатели и сојузници, во последно време, поддршката за сепаратизмот во Русија од странство е апсолутно очигледна ", рече Путин, обраќајќи се пред Сојузното собрание на Русија. 

 

"Со задоволство би ни ја растуриле земјата по југословенско сценарио за да се поделиме со сите трагични последици за народите на Русија. Тоа нема да се случи. Ние нема да го дозволиме тоа. Тие нема да успеат. Како што ни Хитлер не успеа", додаде тој. 

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега