Попоски учествуваше на Министерскиот совет на ОБСЕ во Швајцарија

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска учествуваше на првиот ден од средбата на министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој се оддржува во Базел, Швајцарија- земјата претседавач со ОБСЕ во 2014 година. 

Министерот Попоски на своето обраќање се осврна на улогата на ОБСЕ, која е најголема безбедносна меѓувладина организација, истакнувајќи го нејзиниот значаен придонес кон мирот, стабилноста и безбедноста. 

Состојбата во Украина беше една од главните теми на денешната дискусија. Во тој контекст, министерот Попоски истакна: "Главното прашање кое се поставува во моментот не е дали ангажманот на ОБСЕ е доволен, туку што може ОБСЕ повеќе да направи."

2500IMG 2245-2000Keri

Македонскиот министер за надворешни работи денес се сретна со министерот за надворешни работи на Естонија, Кеит Пентус Росиманус, а оствари и повеќе неформални средби со своите колеги. Утре е предвидено да се сретне со Генералниот сескретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, со Високиот комесар за национални малцинства, Астрид Торс, и со Претставникот за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ.

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега