Вељаноски ги замрзнал оставките во договор со СДСМ

 

Претседателот на парламентот, Трајко Вељаноски, во јуни годинава, со согласност на СДСМ не ги прифатил оставките на 31 пратеник од опозициската коалиција. Шест месеци по „замрзнувањето“ на оставките, Вељаноски се огласи за ова прашање, одговарајќи и на Рената Тренеска Дескоска, која го повика вчера да не прави пародија со одземањето на мандатите. 

-„Енигматично е зошто на Дескоска не и кажале досега дека одложувањето на седницата за верификација на оставките на дел од пратениците на СДСМ беше со взаемна согласност, така што клучно прашање е дали денеска СДСМ имал лош ден или, пак постојат некои други мотиви заради кои е направен овој политички излет“, наведува Вељаноски во писмена реакција. и потенцира дека македонскиот законодавен дом постапува врз основа на процедури.

-„Во однос на прашањето на оставките на дел од опозициските пратеници, сакам јасно да подвлечам дека македонскиот законодавен дом постапувал и ќе постапува единствено и само врз основа на дефинираните процедури, вели Вељаноски.

Претходно, Дескоска изјави, на прес-конференција во СДСМ, дека е трагикомичен обидот на Вељаноски да го замаскира, како што рече, кршењето на Уставот во период од повеќе од шест месеци. 

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега