Уапсен пратеник од владејачката Конзервативна партија во Британија
Откако претходно беше обвинет за „силување“ пратеникот на британската владеачка Конзервативна партија, Марк Причард (48) е уапсен од полицијата во центарот на Лондон.
Скотланд Јард го потврди апсењето, а полицијата за случајот го извести Спикерот на британскиот Парламент Џон Беркоу.
Полицијата вели дека апсењето било извршено уште пред два дена во раните утрински часови. Причард бил задржан четири часови во полициска станица во центарот на Лондон, а потоа ослободен ссо кауција.
Пратеникот ќе мора да се појави на ново сослушување во средината на јануари идната година, кога ќе се определи дали против него ќе се покрене и формално обвинување за силување.
Во соопштението на Скотланд Јард се вели дека пратеникот Причард самиот се согласил да дојде на сослушување, но дека за полицијата тој се третира како уапсен.
Засега нема други детали за случајот, а нема ни реакција од владечаката партија на премиерот Дејвид Камерон.
Марк Причард е пратеник за ториевците од 2005 година.

Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа