Иванов на средба со Ховит и Вајгл

 

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска се сретна со досегашниот и со идниот известувач на Европскиот парламент за Република Македонија Ричард Ховит и Иво Вајгл.

Претседателот Иванов, како што соопшти денеска неговиот кабинет, изразил благодарност до Ховит за неговиот досегашен личен ангажман и придонес во развојот на целокупните односи и соработка меѓу Република Македонија и Европската Унија, како и за неговата улога во спроведувањето на реформите и напредокотво однос нашите европски интеграции, како известувач на ЕП за РМ.

Европскиот Парламент, посочил Иванов, како носител на волјата на граѓаните во Европската Унија, е постојан пријател на Република Македонија и силен поддржувач на нашите евро-интегративни процеси.

Претседателот Иванов на средбата со Ховит И Вајгел, потенцирал дека Република Македонија останува цврсто посветена на исполнувањето на сите реформи за реализација на стратешките цели и определби за членство во Европската Унија и НАТО, дополнувајќи дека поддршката од Европскиот парламент е од особено значење.

Тој изразил очекување дека Вајгл во извршувањето на новата должност како иден известувач на ЕП за Македонија ќе даде силен и проактивен ангажман како придонес кон достигнувањето на крајната цел – полноправно членство на земјава во ЕУ.

Вајгл ја истакнал својата целосна поддршка за европските интеграции на Македонија и додал дека ќе ги вложи сите свои напори за нејзино членство во ЕУ. 

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега