Старите згради во Велес стануваат енергетски ефикасни
Во Велес станбените згради за домување стари над 50 и повеќе години последните години се повеќе се реконструираат, односно се обновуваат фасадите, а се ставаат нови изолациски материјали, со цел да станат енергетски ефикасни.
Како што информира градоначалник на Општина Велес Славчо Чадиев интересот на станарите за реконструкција и доградба на старите згради во е се поголем посебно оваа година. Чадиев појаснува дека соработката се одвива преку Заедниците на станари.
- Тоа се приватни инвестиции на станарите,но ние им помагаме со што побрзо издавање дозволи за градба и стручни консултации и предлози од страна на нашиот стручен тим за градба, како и за начинот на изведување на реконструкцијата на зградите, појаснува Чадиев.
Со ваквите реконструкции на станбените згради освен поубав надворешен изглед на зградите, што е посебно важно се постигнува и енергетска ефикасност на нивните домови. Станарите по инвестицијата за реконструкција, заштедуваат енергија, а со тоа и пари, за греење на становите во зима и ладење во лето, потенцира Чадиев.
Со ваквите реконструкции на фасадите станарите од велешките згради создаваат услови да добијат енергетски пасош, а кој наскоро треба да стане и законска обврска на сите станари во станбените згради во земјава.
Оцени ја веста
04.12.2014 - 14:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа