14 илегални мигранти фатени во автомобил на арачиновец
Синоќа во два часот по полноќ се пронајдени неколку нелегални мигранти на автопатот Гевгелија-Скопје.
Цариниците сопреле две патнички возила марка „цитроен“ управувано од 46-годишниот И.А. од Арачиново и автомобил марка „форд мондео“ управуван од 47-годишниот А.Н. каде биле затекнати 14 странски државјани од кои четворица од Сенегал, тројца од Бангладеш, двајца државјани на Мали и по еден државјанин на Мавританија, Судан, Гамбија и Брегот на Слоновата Коска, како и една државјанка на Еритреа.
Сите странски државјани биле без документи за идентификација.