Загреб: Без Хрватска нема нов регионален гасовод
Југоисточна Европа нема да добие нов систем за дистрибуција на гас без вклучување на Хрватска, изјави хрватскиот министер за економија Иван Врдољак.
- Таквата позиција на Хрватска е потврдена и со откажувањето на „Газпром“ од гасоводот „Јужен поток“; кој не беше во спротивност со хрватските енергетски проекти, но се покажа како неизводлив, изјави Врдољак.
Тој нагласи дека исплатлив проект би можел да биде Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП) и неговиот огранок Јонско-јадранскиот гасовод (ИАП). Преку овие два гасовода би требало до Европа да се пренесува гас од реонот на Каспиското Море.
Лани во декември Албанија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора потпишаа Меморандум за соработка во реализацијата на „Јужниот гасен коридор“ во Југоисточна Европа.
Изградбата на хрватскиот дел од коридорот се очекува да почене во текот на 2015 година и да чини 265 милиони евра.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа