„Го слушнав хирургот како вели: Засечи подлабоко во окото- Врескав, но никој не ме слушна”
Една пациентка за CNN раскажала за искуството кое го имала додека ја оперирале, таа вели дека чуствувала парализа, болка и халуцинации.
„Бев будна, но не можев да се помрднам. Го слушнав хирурхот како вели: Засечи подлабоко во окото. Врескав, но никој не ме слушна. Ништо не ме болеше. Се обидов да ги помрднам прстите и да се тргнам од операционата маса, но бев парализирана. Мислев дека умирам“, раскажала Керол Веирер, присетувајќи се на својата операција на окото и своето непланирано будење пред таа да заврши.
Феноменот наречен „случајна свест под општа анестезија“, оставил трајни последици на Керол – таа се бори со посттрауматски стрес веќе 16 години.
„Од 1998 година спијам во фотелја, бидејќи ако легнам на грб ми се враќаат флешбекови од операционата маса и почнувам да се тресам“, раскажала Керол.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа