„Бомбата“ на Заев на пазар
Опозицискиот лидер Зоран заев ја однесе бомбата на пазар. Откако во јавноста протекоа информации дека се обидел да се пазари со власта за да ги скрие информациите кои тврди дека ги псоедува, од Бихаќка излегоа со демант, дека пазар нема да има и дека се што знаат ќе го споделат со јавноста.
Сепак, и покрај двата повици од ВМРО-ДПМНЕ, на Бихаќка владее молк. Заев не кажува што е тоа што толку ќе ја потресе македонската политичка сцена и што според неговите проценки ќе резултира со смена на власта.
Само еден ден по изјавата на опозциоинерите дека нема да се пазарат, демантот стигна експресно. Телевизијата Алфа објави дека Заев преку посредници му испратил порака на Ахмети во која го молел да ја напушти владата. Дека се обидел да се испазари со него говори податокот дека Заев му најавил дека има чувствителни информации кои кога ќе ги сподели со јавноста, ќе се отвори простор за ДУИ во албанскиот политички блок.
Новинари и луѓе од т.н граѓански сектор на СОРОС веќе шпекулираат дека т.н. „бомба“ на Заев содржи и информации поврзани со наводно незаконско работење на ДУИ, а молбите упатени до лидерот на најголемата партија на албанското малцинство во земјава отвараат простор за сомнеж дека Заев се нудел овие информации да не ги објави во замена за поддршка за смена на власта на Груевски.
Сепак во ДУИ останале на ставот дека ќе бидат во коалиција со онаа партија која ќе победи на изборите.
Вчера јавна потврда за тоа стигна и од шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби кој од Собранието му порача на Заев да не се надева дека ќе дојде на власт преку ДУИ, што е уште еден директен и јавен одговор на неговата порака до Ахмети.
Доколку се точни информации за пораките со молби од Заев, тогаш на дело уште еднаш се покажува дволичната политика на СДСМ. Откако најпрво испраќаше молби до Мала Речица, вечра излезе со соопштение во свој стил, полно со цинизам во кое му порача на Груби да се кандидира за директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквиот развој на настаните уште еднаш го остави Заев сам во своите политики. Експертите коментираат дека што и да направи Заев, токму поради ваквите постапки, граѓаните не му веруваат.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа