Во Ресен засадени над 20 хектари со садници
Акцијата „Ден на дрвото“ во Ресен се реализираше на 20 хектари во атарот на селото Сливница во близина на Преспанското езеро.
На акцијата, во која учествуваа над 400 ученици, граѓани, вработени во државни институции и претставници на локалната власт, дрво засади и министерот за здравство, Никола Тодоров.
- Оваа акција која трае повеќе години ќе продолжи и во иднина. На овој прекрасен терен денеска се засадени околу 50 илјади садници. Преспанскиот регион е доста пошумен, меѓутоа зеленило никогаш доста, рече Тодоров.
Покрај сливничкиот регион акција за пошумување организираше и општина Пустец од Мала Преспа.
- Со ова и ние се приклучуваме кон акцијата Ден на дрвото, а околу 500 садници ги засадија учениците од ОУ „Отпор на Нагоричани“ од Горица. Пошумувањето е извршено на граничниот премин Стење, рече градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа