Њујорк Тајмс- Путин конечно е поразен
Според New York Times, „неуспехот” во изградбата на Јужниот тек преставува “загуба за Европа”, во која Брисел треба да биде обвинет за тврдоглавост.
Во текстот објавен на насловната страна, оценува дека “грандиозниот проект” е изгубен како жртва на “затруените” односи меѓу Русија и Западот.
Одлуката за прекин на проектот “Јужен тек” исто така е ретка победа за ЕУ и САД, кои оваа година во главно беспомошно ја набљудуваа анексијата на Крим и засилувањето на сепаратистите на истокот на Украина, наведува весникот.
Но, “доколку постои победник во овој случај, тоа е секако Турција”, која покрај Кина и другите земји во развој на кои им недостасуваат енергетски ресурси, ги искористила недоразбирањата меѓу истокот и западот за да обезбеди долгорочни резерви на енергија по поволни цени.
Украинскиот конфликт и лошите односи меѓу Киев и Москва, фрлија сенка на целото енергетско поле на Европа.
“Рускиот претседател со години управува со прашањата за енергијата лично, бидејќи тоа му е веројатно најголемиот извор на моќ со која располага на меѓународната арена. Со години тој и Западот се надмудруваа околу насоката на гасоводот, со игри околу тоа кој ќе го контролира снабдувањето на Европа со енергија”, додава весникот.
.Аналитичарите оценуваат дека и 4,5. милијарди долари кои Гаспром досега ги вложил во Јужниот тек, не се во целост изгубени.
Според весникот,Турција видела шансата и го искористила судирот меѓу Русија и Западот, посебно по реципрочните санкции кои Москва ги воведе на увозот на храна од Европа.
“Покрај храна, Русија и Турција утврдија и други области на соработка. Русија ги завршува плановите за почеток на изградба на првата нуклеарна електрана во Турција”, потсетуваNew York Times.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа