Што велат ѕвездите - хороскоп за вторник

 

Овен
Бидејќи сте исклучително надарени, надевајте се на успех. Работата е под контрола, а наскоро ќе биде и партнерот. Ја сфаќате неопходноста за задоволување на потребите на емотивен план. Посветете повеќе внимание на емоционалниот живот.

Бик
Ни сами не знаете што сакате точно. Проблем ви се финансиите, но можете добро да заработите само ако максимално се вложите. Проблемот со себеси говори дека со нешто се уште не сте расчистиле. Искористете ги сопствените потенцијали ако сакате да успеете.

Близнаци
Пред вас е возбудлив и динамичен ден, а ќе постигнете и многу успеси. Среќата зависи исклучиво од вас, што значи дека можете да ја остварите. Бидете внимателни со оние околу вас, никогаш не се знае кој што ви мисли. Внимавајте на исхраната.

Рак
Паметни сте и професионално ориентирани. Работите се под контрола. Продолжете со тоа темпо и ќе видите дека ќе ви се исполни се што сте посакале. Прифатете соработка со Девица, а бегајте подалеку од другите знаци. Тие само ќе ве малтретираат.

Лав
Исклучително ви одговара осаменоста, а можете и да си ја дозволите. Тоа барем ништо не ве чини, и покрај тоа што околностите одат во прилог со тимска работа. Немојте премногу да очекувате од моменталната ситуација. Приберете се дома и посветете се на семејството.

Девица
Не ви оди се по планот, но немојте да се разочарувате. Конечно треба да сфатите дека штом забележите отежнување на околностите, треба да почекате поволен момент. Ситуацијата ни оддалеку не е таква каква што посакува да биде вашата фантазија. Стрпете се и одморете се.

Терезија
Немате многу причини да бидете задоволни, нешто не ви дава мир. Сакате многу повеќе од ова и покрај тоа што сте свесни дека е невозможно. Потрудете се реално да ги проценувате луѓето и да се фокусирате на оние што ви нудат љубов.

Скорпија
Конечно почнавте да ги согледувате грешките и да се насочувате на подлабоки содржини. Ве очекува ден полн со пријатни изненадувања и задоволства. Уште ако ја совладате својата љубоморна природа, се ќе биде в ред. Уживајте во наредните случувања и не размислувајте за ништо.

Стрелец
Уживате, насочени сте само кон оние работи што ги сакате, првенствено во личната слобода. Многу вложувате, но постигнувате резултати. Мора да бидете внимателни, ако продолжите со ова темпо, може да имате сериозни проблеми со здравјето.

Јарец
Прекрасно се чувствувате, среќни сте и задоволни, тоа е нормално, бидејќи сте заљубени. Блескате на свој начин. Доколку сакате да успеете, престанете да бидете буквалист. Единствено што треба да ве загрижува е здравјето, внимавајте на исхраната.

Водолија
Прекрасно функционирате во тим, па најдобро е да практикувате таков вид работа. Ве очекуваат успеси на сите страни, продолжете да сте амбициозни и се ќе дојде на свое место. Ве очекуваат и неволји, вие сте човек што сака да има проблеми. Не сте свесни за своите добри и лоши страни.

Риби
Опкружени сте со немили настани, но немате причина за паника. Крајно време е да почнете да ги слушате сопствените потреби, но и оние на околината. Плодовите од успехот ќе ги делите со партнерот и пријателите, но избегнувајте напнати ситуации.

Извор: Утрински

најчитано сега