Бев силувана- шокантна изјава на Лејди Гага

 

Славната пејачка Лејди Гага ја отвори душата за јавноста за најстрашните моменти од нејзиниот живот. Таа открила дека на 19-годишна возрас била сулувана од нејзиниот музички продуцент кој бил пстар 20 години од неа.

- "Не сакав да зборувам за тоа, ниту да признаам дека тоа се случи, ниту на самата себе. Со години одев на терапија. Сега можам да минам преку тие трауми, но бев како сенка на самата себе. Одев во католичко училиште, а потоа почнаа да се случуваат работи, и јас како да не знаев што тоа значи. Си мислев - вака се однесуваат возрасните, ова е шоубизнис", открила пејачката, пренесува Independent.

Таа исто така признала дека немала храброст да се соочи со него бидејќи премногу се плашела.

- "Никогаш не се соочив со него. Еднаш го сретнав во продавница и бев парализирана од страв. Дури сега, 10 години подоцна, можам нормално да се потсетам на тоа", открила Гага

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега