Македонија со контиуниран напредок на листата на Транспаренси Интернешнл

 

Според најновото истражување на Транспаренси Интернешнл за 2014 година, Република Македонија е една од највисоко рангираните земји која се справува со корупцијата во регионот.  Македонија оваа година има напредок од 3 места. Според овогодинешното истражување Република Македонија се наоѓа на 64-то место, веднаш зад Хрватска и Словенија, додека пак позади нас се Турција 64, Бугарија 69, Романија 69, Грција 69, Црна Гора 76, Србија 78, Босна и Херцеговина 80, Албанија 110 и Косово 110.

Во однос на претходните години од 2012 наваму, Македонија бележи континуиран напредок од 5 места, искачувајќи се до позицијата најмалку корумпирана земја во регионот.

Врз основа на резултатите од овој извештај, се покажува дека  Македонија активно се бори против корупцијата и поради тоа успеала на напредне за цели 42 места во однос на 2006 година кога СДСМ ја изгуби власта. Македонија тогаш беш рангирана на високото 106 место.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега