Милер: „Не сакам Роналдо да ја добие Златната топка, ќе биде досадно"
ФИФА во понеделникот ги објави имињата на тројцата кандидати кои влегоа во најтесен избор во борбата за Златната топка. Нормално Кристијано Роналдо е главен фаворит за престижната награда, а негова конкуренција се Лионел Меси и Мануел Нојер. Но, Томас Милер не би сакал Роналдо да ја освои оваа награда.
Тој смета дека Златната топка треба да ја добие неговиот клубски и колега од германската репрезентација, Томас Милер.
-„Не сакам Роналдо да ја освои Златната топка, тоа би било премногу досадно. Нојер игра брилијантно изминативе сезони и ја заслужува наградата. Ја освои титулата на Светското првенство во Бразил и не е случајно помеѓу тројцата најдобри“, порача Милер.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа