Совет: Како да ги избегнете киселините во бременоста?
Речиси секоја бремена жена се соочува со овој проблем во текот на бременоста, но со препораките од Фејсбук страната Здрава бременост, еве неколку совети како да ја избегнете оваа непријатна појава.
Препораки од брошурата Здрава бременост, во случај на појава на киселини (пироза - чувство на жарење во хранопроводникот):
• Јадете мали но чести оброци
• Земете млеко или јогурт
• Избегнувајте масни и зачинети јадења, газирани пијалаци, цитрусни овошја и овошни сокови
• Одмарајте се и спијте во одредена положба (не на грб)
• Јадете бавно и одмарајте после оброкот
• Ако и покрај ова киселините не ви поминат, можете да земате антациди кои ќе ви ги препорача гинекологот.
Со советите од Здрава бременост ќе имате лесна бременост, без проблеми и дилеми.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа