Ако имате над 2.000 Фејсбук пријатели - добивате бесплатен хотелски престој во Шведска
Веројатно не сте ни претпоставувале дека ако сте популарни во социјалните мрежи, тоа може да ви донесе некои предности. Но, очигледно овој тип популарност може да ви се исплати добро.
Луксузен хотел во Шведска нуди бесплатен престој на гости кои се популарни на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“. Хотелот „Нордик лајт“ во Стокхолм неодамна најави дека ќе прифаќа „социјална валута“ наместо кеш.
Сопствениците на хотелот решија да ја искористат моќта на социјалните мрежи, па така оној што има 100.000 следбеници на Instagram, 2.000 пријатели на Facebook или 100.000 фанови на својата фан страна добива седум бесплатни ноќевања во текот на годината.
Сепак, услов за бесплатното уживање е следното – гостинот мора да возврати за услугата така што на својот Facebook профил ќе објави пост кога ќе ја направи резервацијата, ќе се чекира кога ќе пристигне и кога ќе замине. Во постот мора да бидат споменати веб страната на хотелот и нивната фан страна на Facebook.
За корисниците на Instagram се применуваат слични правила, па така во сите нивни објави мора да стои #nordiclighthotel, задолжително е тагнување кога сте таму и кога се чекирате.
Доколку имате 5.000 фанови на Instagram, ќе добиете попуст од 5%, а за 1.000 пријатели на Facebook попустот изнесува 10%. Инаку цената за ноќевање е 290 евра.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа