По Нова Година цигарите поскапи за 80% - една кутија 200 денари во трафиките во Јужна Кореја
Парламентот на Јужна Кореја изгласа зголемување на цените на тутунот за 80 отсто за да сузбие пушење, јавуваат јужнокорејски медиуми.
Мерката е донесена во рамки на државниот буџет за 2015 година изгласан синоќа.
Предвидено е од 1 јануари 2015 година еднa кутија цигари да поскапе од 2.500 јужнокорејски вони (1,8 евра) на 4.500 вони (206 денари). Владата смета дека со таа одлука би требало да се намали потрошувачката на цигари за 35 отсто до крајот на 2016 година.
Во Јужна Кореја има околу 44 отсто мажи кои пушат цигари. Меѓу членките на Организацијата за економска соработка и развој, Јужна Кореја е прва по број на пушачи пред Турција, Грција, Естонија и Јапонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа