Србија окована во мраз

Претседателот на српската општина Мајданпек, Дејан Вагнер денеска најави можна евакуација на жители од градот доколку не биде саниран дефектот во системот за доставување електрична енергија.   Мајданпек веќе трет ден е без струја, вода и греење. Помош во храна и вода веќе пристигна, а општинскиот кризен штаб треба да одлучи за евентуално воведување вонредна состојба.  Училиштата и градинките не работат, а фиксна телефонија речиси и да нема. Електричната мрежа е вон употреба поради силното невреме, проследено со снег, што го зафати тој град. Во породилиштето во Мајданпек е монтиран агрегат, кој засега функционира.    Српската државна телевизија објави дека вработени во Електродистрибуција на Србија постојано се на терен во обид да обезбедат снабдување со струја во градот, но ветерот и мразот им ја отежнуваат работата http://ow.ly/Fh6gW

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега