Ја соблекол седумгодишната ќерка и лежел врз неа - татко-монструм го потресе Балканот

44-годишниот Н.С. од околината на Ниш е уапсен под сомнение дека во најмалку два наврати вршел сексуални акти врз седум-годишната ќерка. Тој е осомничен дека пијан непристојно го допирал девојчето, го соблекувал и лежел врз неа.

- Наставничката дознала дека девојчето им се пожалило на своите другарчиња дека нејзиниот татко ја пипка и лежи на неа. После разговорот во училиштето, под сомневање за сексуален напад на детето пријавен е во полиција НС - велат соговорници од истрагата.

Мајка го оставила девојчето уште од мало, во раното детство, а тоа живело со нејзиниот татко и баба и.

- Бабата забележала дека тој прави нешто погрешно со девојчето, па затоа постојано се расправала со него. Таа почнала со детето да се заклучува во соба кога тој ќе се врател дома, особено кога бил пијан, но и тоа не го спречувало.

Таткото во полиција се бранел дека не знаел што прави бидејќи бил пијан.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега