Дома плачам, а на сцената блескам- се отвори Тања Савиќ

 

Фолк пејачката Тања Савиќ признава дека бракот и е загрозен, но сепак нема да се разведе.

Таа сега ги трпи последиците од војната со медиумите, која самата ја започна со изјавата дека новинарите „клечат пред неа додека и бараат интервју“.

- Мојот брак во моментов навистина трпи поради мојата посветеност на шоу програмата „Твоето лице звучи познато“, бидејќи речиси и не ги гледам сопругот и децата. Плачев поради кавгата со новинарите. Решив да попуштам за да се смириме бидејќи немам сила за пресметки. Потребни сме си едни на други и мораме да продолжиме понатаму мирно. Се согласувам и на тоа никогаш повеќе да не напишаат нешто за мене, само да не пишуваат лаги и да не ги бараат моите грешки. Секој може да направи граматичка грешка додека зборува, изјави Тања.

На фестивалот Тања не беше во придружба на сопругот Душан Јованчевиќ, а како што вели тој останал дома за да ги чува синовите и дека на телевизија ја гледа и навива за неа телепатски.

-Ова е тежок период бидејќи немам приватен живот. Учеството во шоу програмата ми дава самодоверба, а од друга страна имам потреба од семејството, вели Тања.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега