Правниот факултет во Штип ќе добие модел-судница

 

На Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе биде пуштена во употреба модел-судница, која е едиствена од ваков тип во Македонија.

Наменета е за реализација на практични вежби на студентите на Правниот факултет преку симулација на судења, за обука на судиите и јавните обвинители од страна на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија, како и за одржување на судења на Основниот и Апелациониот суд во Штип.

Модел-судницата е опремена со најсовремена опрема за тонско и видео снимање на судски постапки, систем за видео-конференциска врска и одржување на предавања на далечина и систем за заштита на сведоци.

На отворањето најавено е присуство на амбасадорите на САД и на ОБСЕ, Пол Волерс и Ралф Брет, деканот на Правниот факултет при Универзитетот Гоце Делчев Јован Ананиев и претседателот на Судскиот совет на Република Македонија Александра Зафировска. 

Уредувањето и опремувањето на модел-судницата е реализирано од УСАИД - Агенцијата на САД за меѓународен развој, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите при Стејт Департментот на САД и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. 

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега