Колку ќе заработува Ромпуј без да работи?
Херман Ван Ромпуј, досегашниот претседател на Европскиот совет, ќе добива стотици илјади евра без што било да работи, пишува британски „Дејли телеграф“.
Како што пресметаа од таму, Ван Ромпуј во текот на следните три години ќе земе над 631 илјада евра.
По повлекувањето од функцијата Ван Ромпуј ќе добива по 168.105 евра годишно, до декември 2017 година, што е 55 отсто од неговата основа плата.
Ван Ромпуј ќе добие и еднократна сума од 26.540 евра, а кога ќе наврши 67 години ќе има право на доживотна пензија на европски службеник од 65.720 евра.
Овие суми Ван Ромпуј ќе ги добива без да се бара од него што било да работи и при даночна стапка, која за европските службеници е многу пониска во споредба со таа за останатите граѓани, родени во Белгија.
Ван Ромпуј, поранешен белгиски премиер, се повлече од политиката за да се посвети на неговото хоби, пишување хаику поезија и планира повремено да држи предавања на Колеџот на Европа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа