Мала грешка довела до трагедија на "Коста Конкордија"
Невнимателен маневар довел до несреќата на Коста Конкордија. Ова го објави капетанот на бродот за време на сослушување во судот за прв пат, информира ДПА.
“Почетокот на катастрофата беше глупава грешка”, рекол Франческо Скетино пред судот. “Не сметајте дека дека не се измачувам од трагедијата што се случи”- додаде Скетино.
Потсетуваме бродоломотот се случи на 13 јануари 2012 година. Брод налета на гребен во текот на ноќта во близина на о. Џилијан до брегот на италијанската област Тоскана. На бродот имаше 4 229 лица од 70 држави. Како резултат на несреќата загинаа 32 лица. Претходно оваа година, бродот беше одведен во Џенова .
На капетанот на бродот Скетино му се суди за убиство, предизвикување на бродолом и напуштање на бродот пред евакуацијата на сите патници.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа