Банките стабилни, кредитите растат, но не ги поддржуваат почетните бизниси

Финансискиот сектор во Македонија е стабилен, со позитивни трендови. Раст бележат и депозитите и кредитите, кои се повеќе насочени кон поголемите претпријатија, а многу малку кон малите и средните претпријатија и почетните бизниси, пренесува МИА.

Ова беше истакнато на 12. Конференција за финансии, деловни можности и економски развој - ФИНЕКСПО 2014, што се одржа денеска во Скопје.Кредитите бележат раст од 9,3 проценти, на депозитите од 9,2 проценти, а нефункционалните кредити се околу 12 проценти. 

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, стапката се движи кон 10 проценти и овозможува соодветна поддршка на економијата. Дополнителна поддршка од 1 јануари 2015 година фирмите, особено старт ап бизнисите може да очекуваат преку Фондот за иновации што го формира Владата и кој треба да почне да функционира. 

За натамошно зајакнување на капацитетот на банките за адекватно управување со ризиците и апсорбирање на загубите најави менување на Законот за банки, како и законската регулатива во делот на супервизија на осигурувањето. Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов истакна дека малите и средните претпријатија имаат многу отежнат пристап до кредитите и додаде дека банките треба да помогнат со својата експертиза околу изготвувањето бизнис планови од страна на фирмите каде се покажало дека има проблем.

 Потпретседателот на Стопанската комора на Македонија Глигор Бишев посочи дека во Македонија пазарот на обврзници и капитал не е развиен и најголемиот товар за финансирање паѓа на банките. 

Смета дека има лесен пристап на фирмите до кредитите, но оти се бара да се внимава во што се пласираат средствата. Претседателската на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска  потенцира дека немаат проблем фирмите со добар историјат и оти каматите се прифатливи, но дека ниту една банка не нуди продукт кој би дал импулс на стартап бизнисите.

За состојбите во осигурувањето беше посочено дека пазарот, иако има раст во последните години, се уште не е развиен бидејќи е ориентиран кон моторните осигурувања.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега