Поранешна пејачка открива- четири години бев во врска со жена
Поранешната „Спајс девојка“ , Мел Би откри дека четири години имала љубовна врска со жена, која инаку е мајка на другарка на нејзина ќерка.
- Имав четиригодишна врска со жена. Без оглед на тоа, седум години бев среќно омажена. Тој беше неверојатно момче, изјави 32-годишната пејачка и ѕвезда од реалните шоуа во своето признание. - Знаете што мислам. Не мие непријатно да признам. Сакав да пробам нешто поинаку, па имав девојка. Па, што?, додаде Мел Би.
Пејачката денес е во брак со Стефан Белафонте и демантира дека нивната врска е „отворена“.
- Не, мојот сопруг и јас сме многу блиски. И покрај тоа, јас сум таа која прва дели комплименти на жените. Мислам дека жените се прекрасни. Луди, но прекрасни, додава Мел Би.
Нејзиниот најстар син Феникс е од бракот со Џими Гулзар, седумгодишна ќерка Енџел од врската со Еди Марфи, а со сегашниот сопруг ја има тригодишна ќерка Медисон.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа