Предложено одземање на мандатите на пратениците од опозицијата
Собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања на денешната седница на предлог на нејзиниот претседател Александар Николовски реши да му достави на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски Предлог-одлука за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата.
Врз основа на Извештајот доставен до оваа Комисија е утврдено дека во периодот од 10 мај до 10 ноември 31 пратеник од опозициската СДСМ не присуствувале, не учествувале, ниту пак го известиле претседателот на Собранието дека оправдано ќе отсуствуваат од 40 седници.
Николовски рече дека овие 31 пратеник од СДСМ и коалицијата неоправдано отсуствувале повеќе од шест месеци од работата на Парламентот и врз основа на Деловникот и Уставот, побарано е од Комисијата да се изјасни.
Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања поединечно го констатира отсуството на секој од овие 31 пратеник и поединечно носи предлог-одлука.
Предлог-одлуката што денеска ја донесе оваа Комисија ќе биде доставена до претседателот на Собранието Трајко Вељановски кој врз основа на членот 59 од собранискиот Деловник треба да ја стави на дневен ред на првата наредна седница. Засега нема информација кога Вељановски би ја закажал седницата на која би можело да им бидат одземени мандатите на овие прaтеници. Доколку се случи тоа и им бидат одземени мандатите, ќе треба да бидат распишани делумни избори.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа