Душата ми плачеше додека пеев- се огласи Елена Ристеска
„Душата ми плачеше дур пеев!“, ова го изјави нашата претставничка на ТЛЗП, Елена Ристеска-Ивановска веднаш по настапот во осмата емисија на шоуто, во која ја имитираше кралицата на ромската музика Есма Реџепова-Теодосиевска. Елена ја испеа „Зајди, зајди“, а со својата интерпретација, изглед и движења, освен што потсети на Есма, ја расплака и публиката, но и дел од натпреварувачите во шоуто.
- „И честитам на Елена! Ми се допадна многу, беше навистина прекрасна! Маската и целокупниот изглед, дури и моето однесување, движењето со рацете, со главата, ги „симна“ многу добро…“, изјави за Утрински весник Есма Реџепова-Теодосиевска.
„Таа е топол пејач, не е ладен, може да пренесе емоции… Се разбира дека не може комплетно да ме долови, ретко кој може, единствено ако се школува кај мене. Но, како и да е, уште еднаш и честитам зашто беше одлична“, ни изјави кралицата на ромската песна, која со особен интерес го проследила настапот на Ристеска-Ивановска во нејзина „кожа“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа