Уапсен млад тетовчанец - крадел три месеци

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 23-годишниот Ј.А. од Тетово, за сторени седум кривични дела „тешка кражба“ од кои две во обид.

Во периодот од август до октомври 2014 година, на градското подрачје на Тетово на улиците „Илинденска“, „ЈНА“ и „Страшо Пинџур“ пријавениот со употреба на физичка сила и погоден предмет вршел тешки кражби во маркети, продавници, кафетерии и аптеки, при што одзел два „ајфони“, девет УСБ-стикови, камера, ДВД, парични средства и цигари.

Неговиот “плен“ е во вкупна вредност од 235.750 денари.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега