Состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО се состанаа денеска во Брисел за да го одредат новиот курс по годината, која беше одбележана со судирите од Украина до Блискиот Исток и завршувањето на мисијата на Алијансата во Авганистан.
Новиот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека американскиот државен секретар Џон Кери и министрите од 18-те земји ќе разговараат за начините на функционирање на Алијансата во „светот кој се менува“.
- НАТО мора да биде силен денес и силен утре за да се избори со кои било предизвици од истокот или од југот, изјави Столтенберг, кој на 1 октомври застана на чело на Алијансата.
Столтенберг истакна дека очекува на состанокот да бидат постигнати спогодби за зголемување на силите на исток заради спротивставување на Русија, спогодба за брзо реагирање на силите на НАТО, договор за поголема поддршка на Украина и потпишување спогодба за мисија за поддршка во Авганистан.
Генералниот секретар на НАТО 2014. ја опиша како „година на агресија, кризи и конфликти“
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа