Обвинителството поднесе жалба на судската одлука за Хосни Мубарак
Египетското државно обвинителство денеска поднесе жалба на одлуката на судот за отфрлање на обвинението за убиство против поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак.
Мубарак се товари за убиство на демонстранти за време на протестите во 2011 година, со кои тој е соборен од власт.
- Разгледувањето на причините за таква пресуда укажа на присуство на законски пропусти кои влијаеле врз донесување на пресудата, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Било очекувано Обвинителството да поднесе жалба на пресудата на Мубарак, бидејќи тоа е вообичаена постапка во египетското правосудство. Доколку се повтори судскиот процес против Мубарак, тој, согласно египетскиот закон, ќе биде трет и последен.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа