Во Велика Британија пет милиони фунти за странски студенти
Националната служба за ревизија на Велика Британија предупреди дека во земјата им се исплатени пет милиони фунти на странски студенти, кои не одговарале на критериумите за прием на приватни факултети.
Бројот на студенти финансирани со државни средства во приватни колеџи е зголемен за 650 отсто за три години. Повеќе од 80 отсто од новите студенти во некои колеџи се од Романија и Бугарија и има многу апликации од едно домаќинство, а понекогаш се случувало да бидат испратени и до 50 формулари од една интернет адреса.
Во Британија има повеќе од 140 приватни колеџи, кои не се потпомогнати од државата, но студентите во нив може да имаат достап до финансиска помош.
Во извештајот се вели дека речиси половината 11.000 студенти од ЕУ, на кои им е дадена финансиска помош не доставиле докази дека ги исполнуваат сите критериуми.
Се претпоставува дека се исплатени 5,4 милиони фунти на 992 студента кои не ги исполниле критериумите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа