За ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изборите завршија - ДУИ ќе поднесува приговори

 

За ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ локалните избори кончно завршија. Извори на Press24 од двете партии велат дека најверојатно нема да се поднесуваат дополнителни приговори на прегласувањето на вториот круг. Приговори во Долнени најавија од владејачката ДУИ, каде нивниот кандидат ги загуби изборите со околу 300 гласа. Според партијата од Мала Речица, најголеми неправилности во гласањето имало во селото Црнилишта. Од ДУИ велат дека ќе го запазат законскиот рок и дека до ДИК навреме ќе пристигнат приговорите.
По прегласувањето, ВМРО-ДПМНЕ однесе победа во Ѓорче Петров, СДСМ во Центар а ДПА во Струга.  Во Долнени се гласаше во втор круг бидејќи во оваа општина претходно, се прегласуаше во првиот круг. И таму, владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја однесе победата.
Во овој изборен циклус, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 градоначлнички места, СДСМ 4, ДУИ 14, ДПА 2, еден градоначлник од своите редови има Српската напредна партија и двајца градоначлници се независни. 
На изборите за општинските совети, ВМРО-ДПМНЕ го побеи СДСМ со околу 110 илјади гласа разлика

најчитано сега