Работодавачите протестираат на улиците во Париз
Околу 6000 шефови на претпријатија протестираат денес во Париз и околу 4.000 други во Тулуз, на повик на Конфедерацијата на малите и средните претпријатија, јави дописникот на МИА од Париз.
На протестот се приклучија уште 50 професионални федерации на работовачи, во знак на протест против нефлексибилноста на пазарот на трудот и бројните регулативи, што според нив ги спречува претпријатијата да се развиваат.
Оваа манифестација е прва од ваков вид, кога на уливца излегуваат стопанствениците, по нивните протести кога се воведуваше 35 часовна работна недела, но тогаш се одѕваа само членовите на едно здружение.
Инаку, цела оваа недела се предвдиени разни видови на протести од сите организации на работодавачите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа