Анџелина Џоли доживеа страшна сообраќајна несреќа
Славната актерка Анџелина Џоли минатата ноќ доживеала сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, кога поради дожд и влажните коловози нејзиниот автомобил лизгал по патот и удрил во банкина.
Гумите експлодирале, а сѐ уште нема информации дали и колку е повредена актерката, пренесуваат светските медиуми.
Анџелина се враќала од снимањето на филмот „Unbroken“ кога се случила несреќата. Актерката не излегла од автомобилот се додека не пристигнал друг шофер, по што преминала во другиот автомобил и го продолжила патувањето.
Оцени ја веста
01.12.2014 - 12:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа